Три години се крши Законот за субвенциониран оброк – студентите оштетени за 6,5 милиони евра

Сподели:

„Од студентите противзаконски се скратени околу 6,5 милиони евра! Повредата се однесува на Законот за субвенциониран студентски оброк којшто самиот предвидува зголемување на износот согласно годишната инфлациска стапка пред донесување на Буџетот за наредната година. Иако поминаа 3 годишни буџети, мизерниот износ за субвенциониран студентски оброк остана ист! Односно, три години властите на секој студент му скратиле 650 денари месечно коишто законски му следувале”, изјави на денешната Прес-конференција генералниот секретар на Црвена младина, Марија Ванчева.

“Ова е доказ дека во Македонија владее систем на ГЕРИТОКРАТИЈА! Ориентацијата на ДПМНЕ кон нивното гласачко тело, ги држат и пензионерите и студентите во заложништво на различен начин.

ДПМНЕ не нуди апсоулутно никаква стратегија за подобрување на студентскиот стандард и за задржување на младите во Македонија. Гледаме како студентите и младите се тотално заборавени, игнорирани од страна на власта до степен да им ускратуваат дури и законски пропишани права!

Црвена младина е во процес на креирање на посоодветно и рационално решение за субвенционирање на студентскиот оброк, но дотогаш, пратениците од Левица ќе поднесат итна измена на Законот со цел оваа сума која останала противзаконски три години непроменета, конечно да се покачи”.

Сподели: