Три награди за „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Меѓународниот куклен фестивал во Подгорица

Сподели

 

Претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младинци освои три награди на Меѓународниот куклен фестивал во Подгорица, Црна Гора.

Една од најнаградуваните претстави се закити со нови признанија, и тоа со: Гран при за најдобра претстава, Награда за најдобра режија за Јакуб Максимов и Награда за актерско мајсторство за Матеа Јанковска.

Режијата и драматизацијата на претставата се на Јакуб Максимов, а е работена според истоимениот роман од Астрид Линдгрен.

Во претставата настапуваат: Матеа Јанковска, Никола Наковски, Мики Анчевски, Катарина Илиевска-Силјановска, Ангела Димитрова и Петар Стојанов. Драматург на претставата е Горјан Милошевски, а сценографијата, дизајнот на куклите и на маските се дело на Олга Зјебињска од Полска, која ги изработи и костимите. Композитор и корепетитор е Лазар Новков од Србија.