Трипуновски: ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците

Сподели:

Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски објави дека ИПАРД средствата повторно се достапни на располагање за земјоделците и дека истрагата покажала дека немало неправилности во постапките.

Согласно навремено превземените активности, направената целосна и детална контрола за користење на средствата од ИПАРД програмата е утврдено дека нема неправилности во самите постапки. Што значи дека системот функционира, институциите постапуваат одговорно, транспарентно во интерес на македонските земјоделци. Брисел никогаш не ги блокираше средствата, но во моментот кога излезе во јавноста за случајот со злоупотреба од страна на претходниот директор на Платежната агенција, како одговорна држава се активираше националниот механизам и го известивме воедно Брисел дека е потребно да се изврши вонредна контрола со цел да не се дозволи да се фрли црна дамка, инициравме преку еден транспарентен начин да се проверат сите активности поврзани со средствата од ИПАРД фондовите. Истото беше препознаено како одличен чекор од Брисел со тоа што навремено се интервенираше во оваа ситуација.

Следеше темелна проверка од ИПА структурата по што се достави сеопфатна информација до европските институции согласно воспоставените процедури.

Со ова сакам да ги демантирам и шпекулациите дека ИПАРД средствата се блокирани, а земјоделците ќе останат без поддршка.”

Земјоделците да продолжат да аплицираат, да инвестираат и да го развиваат нивното земјоделско производство, изјави министерот Трипуновски.

Сподели: