Тројца македонски државјани, татко и две деца, безбедно ја напуштија Газа

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден, тројца државјани на РС Македонија (татко и две деца), безбедно ја напуштија Газа и во придружба на вршителот на работи во нашата Амбасада во Каиро, Елма Алторок беа упатени кон египетскиот главен град, а од таму кон Северна Македонија. Со нив, преку Рафах се евакуираше и мајката на децата, која има палестинска патна исправа, соопштија од МНР.

Во Газа има уште двајца наши граѓани, брачен пар, кои се исто така вклучени во официјалните листи за евакуација, но нивното напуштање на Газа зависи од околностите на терен, односно безбедносната проценка кој дел од Газа е најпогоден, а со тоа и потребата за итна евакуација на странските државјани.

Министерството за надворешни работи преку својата дипломатска мрежа во Кајро и Тел Авив останува во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани до завршување на целосното евакуирање на нашите граѓани.