Во Франција уапсен e Рамуш Харадинај

Сподели

Претседателот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај е уапсен синоќа во Франција по потерница од Србија, потврди неговото семејство за косовски медиуми.

 Косовски медиуми јавија дека Харадинај е уапсен врз основа на меѓународна потерница издадена од Србија и дека се наоѓа во притвор во Франција, Србија го обвинува Харадинај за убиства и тешки злосторства на Косово во 1998 и 1999 година, јави Танјуг.