Тројца мртви во британскиот град Нотингем

Сподели

 

Во три различни инцидента, веројатно поврзани со еден човек, три лица загинале во британскиот град Нотингем утрово и претпладнево. Еден 31-годишен маж е уапсен под сомнеж за убиство, јави Би-Би-Си.

Најпрвин полицијата била повикана во 4 часот утрово на улицата Илкестон, каде биле пронајдени двајца мртви. Потоа е пронајдено уште едно мртво тело на улицата Магдала.

Сите инциденти се случиле во центарот на Нотингем, а полицијата вели дека е пријавен уште еден инцидент, кога комби се обидело да прегази тројца луѓе, кои биле повредени.

Во моментов се вршат форензички истраги, а голем дел од центарот на градот е блокиран./Meta.mk