Денеска, во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул. „Козјак“ во Скопје, при ископ на темели, со земја биле затрупани работници.
Тројца работници се извадени и пренесени со возило на Итна медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека еден работник е пронајден починат, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.


