7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

 

МАКЕДОНИЈА – Претпладне облачно со повремени врнежи кои и на некои пониски места ќе се менуваат од дожд до снег. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Повремени слаби врнежи од снег ќе има и на повисоките делови од Скопската котлина. Во пладневните часови врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието.

 

 

Температурата ќе се движи од -4 до 9 степени.

Поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќта и утре, врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од пониските места.

Поради разведрувањето во среда и четврток утринските температури ќе бидат под нулата.

Сподели: