ЦИВИЛ: Градење на ефикасен систем за превенција од природни непогоди

Сподели

untitled

Tркалезната маса „Градење на ефикасен систем за превенција од природни непогоди“ ќе се одржи на 12.09.2016 г. (понеделник) со почеток во 12:05 часот во салата Дипломатик на Скопскиот саем. Настанот е во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода.

Воведни говорници се:
проф. д-р Александар Трендафилов, Шумарски Факултет
проф. д-р Татјана Миткова, Земјоделски Факултет
проф. д-р Ивица Милевски, Природно-математички факултет
проф. д-р Иван Блинков, Шумарски Факултет

Ве покануваме да бидете дел од тркалезната маса и да учествувате во широката дискусија.

ЦИВИЛ-Центар за слобода