Црвен Крст започнува со услуга за психолошко советување на граѓани

Сподели:

Црвениот крст на Република Северна Македонија започнува со услуга за психолошко советување. Создаден е безбеден и доверлив простор во кој можете да разговарате за своите чувства, стресот, секојдневните предизвици и животните промени.

-“Тука сме да ве сослушаме. Понекогаш најмногу ни треба некој што ќе нè сослуша. Без осудување, без притисок, со разбирање и доверба”, велат од Црвениот крст.

Советувалиштето ќе опфати индивидуални психолошки сесии со стручно лице, професионална поддршка и советување и индивидуален пристап и доверлив разговор.

Сесиите ќе се одржуваат секој работен ден, 08:00–20:00 часот, во времетраење од 45–60 минути во Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка Бул. Кочо Рацин 13, Скопје.

Секој засегнат граѓанин ќе може да закаже термина на +389 72 271 048. Закажувањето е задолжително и се врши во работните денови, од 08:00 до 16:00 часот.

Сподели: