Турција ја одбележува 78. годишнина од смртта на Кемал Ататурк

Сподели

Утринава во 09:05 часот во време кога Ататурк починал, дневните активности ширум Турицја се запрени на две минути. Во тој час се огласија сирени, а луѓето со минутен молк и на други соодветни начини се сетија на основачот на Република Турција

turkey

 

АНКАРА (АА) – Ширум Турција денес со соодветни програми и манифестации се одбележува 78. годишнина од смртта на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на современа Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Централната манифестија се одржува на платото на мавзолејот на Ататурк, Анаткабир во Анкара, каде присуствуваа турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, Бинали Јилдирим, началникот на Генералштабот на турската војска, Хулуси Акар, претседателот на опозициската Републиканска народна партија (ЏХП), Кемал Киличдароглу, челникот на Партијата на национално движење (МХП), Девлет Бахчели, како и официјалните лица на законодавстовто, извршната и правосудна власт.

Во присуство на неколку илјади граѓани оддадена е почест на првиот претседател на Република Турција, Ататурк.

Слична манифестација на оддавање на почест е одржана и во дворецот Долмабахче во кој Ататурк починал на денешен ден.

Утринава во 09:05 часот во време кога Ататурк починал, дневните активности ширум Турицја се запрени на две минути. Во тој час се огласија сирени, а луѓето со минутен молк и на други соодветни начини се сетија на основачот на Република Турција.

Посебно се несекојдневните глетки на запрениот сообраќај на улиците, каде возачите излегоа од своите возила и му оддадоа почест на Ататурк.

Голем број на официјални лица и граѓани се собраа на истанбулскиот плоштад Таксим на кој положија венци и оддадоа почест на Ататурк кој е симбол на турското херојство и ослободувачка војна.

Годишнината од смртта на Ататурк со соодвени програми и приеми, се одбележува ширум Турција но и во дипломатските претставништва на таа земја ширум светот.

Челниците на турските институции упатија пораки по повод годишнина од смртта на Кемал Ататурк, а претседателот на Турција, Ердоган, во таа прилика истакна дека Ататурк и неговата борба за Републиката претставува голема вредност за турскиот народ кој со храбар отпор за време на предавничкиот обид за државен удар на целиот свет му даде до знаење дека е подготвен и способен да ја сочува вредноста на независноста, единството и просперитетот на Турција.

Ататурк е роден во 1881 година во грчкиот Солун, тогашното Османлиско царство. Најголема воена слава стекна предводувајќи ги турски борците во битката на Чанаккале. По завршувањето на Првата светска војна, Ататурк ја предводеше турската војска во ослободувачката војна.

Како основач и претседател на Република Турција, земјата ја трансформирашево модерна, секуларна и прозападна земја. Почина на денешен ден во 1938 година на 57 години.