Вести Свет

ТУРЦИЈА: Уапсени осум активисти и директорката на Амнести Интернешнал

Сподели:

Турската полиција уапси осум истакнати активисти за човекови права, вклучитечно и турската директорка на Амнести Интернешнал Идил Есер во Истанбул.

Двајца тренери од Германија и Шведска, беа исто така уапсени за време на рацијата додека траела работилница за дигитална безбедност, организирана од Амнести.

Според организацијата, полициската рација била „очигледно без повод“.

Полицијата уапси повеќе од 50 000 луѓе по минатогодишниот обид за пуч.

Полициската акција „е гротескна злоупотреба на моќ и ги нагласува неизвесните околности со кои се соочуваат активистите за човекови права во државата“, рече Салил Шети, генерален секретар на Амнести Интернешнал.

„Идил Есер и останатите приведени со неа мора веднаш и безусловно да бидат ослободени“.

Турција останува во вонредна состојба која ја воведе претседателот Реџеп Таип Ердоган откако воени офицери се обидоа да направат пуч лани во јули.

По настанот, во хајката што ја покрена владата беа уапсени десетици илјади јавни службеници, кои беа обвинети за поддржување на муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во Америка.

Директорот на Амнести во Турција, Танер Килич, е исто така во притвор. Тој беше уапсен на 6 јуни со уште 22 други адвокати, обвинети за соработници со „терористичка“ организација. Амнести ги нарече овие обвинувања како „неосновани“.

radiomof.mk

Сподели: