Вести Свет

Турција: Врховниот суд одлучи Аја Софија да се користи како џамија

Сподели:

 

Врховниот управен суд во Турција го расчисти патот Света Софија да се користи како џамија. Судиите го поништија  статусот на музеј на прочуеното здание. Со тоа од чисто правна гледна точка, религиозни церемонии би повторно можеле да се одржуваат во Аја Софија, пренесува Дојче веле.

Судот со тоа ја следи желбата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој веднаш по пресудата потпиша указ со кој Света Софија повторно ќе стане џамија. Тој најави дека на 24 јули во Аја Софија ќе се одржи петочна муслиманска молитва. Ваквиот чекор на Ердоган наиде на бројни критики во светот.

Аја Софија е стара речиси 1.500 години. Поранешната црква, а подоцна џамија во моментов е музеј. Но, сега веќе ништо не стои на патот на желбата на турскиот претседател Ердоган таа повторно да биде џамија.

Сподели: