Уапсен Денис Родман – Направил хаос во авионот па го приведе полиција!

Сподели

Денис Родман е еден од најконтроверзните кошаркари во историјата, а и во пензија остана склон на скандали.

фото:EPA/MIKE ALQUINTO

Овој пат тој направи проблем за време на летот од Лос Анџелес до Флорида. Најпрвин се скарал со стјуардесите и персоналот во авионот, а потоа со полицијата од навидум безопасна причина.

Имено, Родман одбил да стави маска, што е обврска за секој патник.

Легендарниот кошаркар се обиде да се „извлече“ велејќи дека има проблеми со дишењето, но тоа не се случи со персоналот кој ја известил полицијата.

По слетувањето, Родман бил уапсен и задржан на аеродромот, а по разговорот со полицијата бил пуштен на слобода.

Родман беше избран како 27-ми пик на НБА драфтот во 1986 година, а од 1986 до 1993 година играше за Детроит. Подоцна беше член на Сан Атонио, но и дел од славната генерација на Чикаго Булс каде играше со Мајкл Џордан.

Во НБА лигата играше и за Лос Анџелес Лејкерс и Далас Маверикс, а во кариерата освои пет шампионски титули.

The post Уапсен Денис Родман – Направил хаос во авионот па го приведе полиција! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico