Изјавата на Баркли ја разбранува НБА – Агентот ми украде богатство, да имав пиштол….

Сподели

Во изјава за „Fedeaway World“ поранешниот НБА кошаркар Чарлс Баркли изјави дека неговиот прв агент му украл голема сума пари.

фото:Profimedia

„Мислам дека ме измами за околу 100 милиони долари. Мојот прв агент беше измамник. Ми ги украде парите. Не сакам да го кажам неговото име, ми ги украде сите пари. И како резултат на сето тоа, по четири години бев целосно уништен“, изјави Баркли.

Ова не е прв пат Баркли да ја споменува оваа ситуација во интервју. Пред пет години, во интервју за CBS Sports, тој зборуваше на слична тема:

„Мислам дека играчите сега се попаметни отколку во мое време. Првиот агент ми ја зема целата плата, ми даде дел, а остатокот наводно го вложил. Добив 15.000 долари месечно. И така беше секој прв ден во месецот. Остатокот од парите ми рече дека се инвестирани во бизнис. Му верував и по четири години се најдов во ситуација да банкротирам и уште да должам даноци. Да имав пиштол, ќе пукав во него. „Да можев да го фатам, ќе го претепав“, изјави тогаш Баркли.

The post Изјавата на Баркли ја разбранува НБА – Агентот ми украде богатство, да имав пиштол…. appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico