Вести

Уапсени 12 осомничени терористи во Белгија

Сподели:

13469336835_61cdc42d3c_z

Белгиската полиција синоќа уапсила 12 осомничени терористи во рации извршени во 40 домови ширум Белгија, соопшти канцеларијата на федералниот обвинител, додавајќи дека лицата се осомничени за подготвување напади.

Во рамки на акцијата се приведени 40 лица, од кои 12 се здржани во притвор. Полициската акција е спроведена во 16 општини, од кои повеќето се наоѓаат во Брисел и неговата околина.

За време на операцијата немало никакви инциденти, а не се откриени оружје и експлозивни направи.

Белгиските медиуми јавуваат дека белгискиот премиер Шарл Мишел, како и министрите за правда, за внатрешни и за надворешни работи, и нивните семејства, се поставени под зајакнато обезбедување.

http://meta.mk/uapseni-12-osomnicheni-teroristi-vo-belgija/

Сподели: