Денес сончево и топло, утре пороен дожд и грмежи

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денес (18.09 2023 год.): Сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. T= 31 °C, P= 982 hPa, U= 35 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).

 

 

Утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта на места ќе има појава на пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.