14. издание на „Авицена Женска Трка“ во недела

Сподели:

Во недела, на 5. април ќе се одржи 14. издание на „Авицена Женска Трка“.

Стартот и целта на трката ќе биде во 10 часот од булевар „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“, додека должината на самата трка е 3 километри.

Пред самиот почеток, во 09:40 часот, предвидено е и загревање со аеробик вежби. 

Во периодот од 9 до 11 часот ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“.

По истрчаните 3 километри ќе се прогласат најдобрите, а потоа следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички и доделување подароци обезбедени од партнерите на трката.

Трката е во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје. Организаторите на настанот известуваат дека и оваа година има пријавени 3.350 учеснички и на сите учеснички на трката им посакуваат среќа. 

Сподели: