Уапсени две лица кои му се закнувале на Изет Меџити

Сподели

aktivitete-izet_mexhiti_575871064

Поради закани кон градоначалникот на општина Чаир и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити, две лица утринава се приведени, а полицијата трага по уште две лица.

– Утрово се приведени две лица, а по две се трага поради постоење основан сомнеж дека во понеделникот сториле кривично дело загрозување на сигурноста. Се разговара со истите. Станува збор за лицата В.П. (38) и Б.Р. (27) од Скопје – вели Лиза Бендевска, портпаролка на СВР Скопје.

Пред два дена „Дневник“ објави дека Меџити во понеделникот избегнал блиска средба со група од 20-тина лица кои упаднале во неговата канцеларија во општинската зграда на Чаир, кои како поздрав од посетата му оставиле куршум.

http://meta.mk/uapseni-dve-litsa-koi-mu-se-zaknuvale-na-izet-medhiti/