Изборите во Унгарија беа со рекордна излезност од 80% и го најавија новото владеење на Петар Маѓар. Десничарскиот премиер, Виктор Орбан го заврши своето 16-годишното владеење. Како што пишуваат унгарските медиуми, народот гласал за европска ориентација на земјата и враќање на демократијата.
Петер Маѓар по изгласувањето на победата изјави „Унгарија победи“. Тој најави серија реформи насочени кон антикорупција, судски реформи и приближување на Унгарија кон Европската Унија, како и отворање на процес за деблокирање на европските фондови.
Маѓар изјави дека Унгарија нема да биде засолниште за странски криминалци со азил. Тој најави дека земјата ќе се залага за екстрадиција на лица барани од други држави. Конкретно, се осврна на поранешни полски функционери кои добиле азил во Унгарија. Ги спомена поранашениот полски министер за правда, Збигњев Зиобро, неговиот заменик Марчин Романовски и Никола Груевски. Зиобро и Романовски се обвините во Полска за милионска злоупотреба на својата функција.
„Мислам дека зборував многу јасно за ова претходно, дека предложив да не купуваат никаков мебел во Унгарија од ‘Икеа’, бидејќи нема да останат долго. Унгарија нема да биде засолниште за меѓународни криминалци. И тоа не важи само за нив, туку и за г-дин Никола Груевски, поранешниот македонски премиер, кој исто така е осуденик. Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, е меѓународен криминалец и не треба да биде во Унгарија. Но и тоа не е затоа што ова е праведно исто така очекуваме од другите европски земји, ако унгарски политички криминалци бегаат во други земји, да ги екстрадираат назад кај нас, во духот на европската соработка, овие потенцијални криминалци. И можам само да им предложам на г-дин Зиобро и г-дин Романовски дека ако немаат што да кријат, тогаш треба да се вратат дома и да застанат пред народот — па тој беше министер за правда, значи мора да го познава полскиот правосуден систем — па треба да си го исчисти името од обвинувањата. И тоа не е моја работа. Значи, ќе најдеме начин, освен ако веќе не заминале, но ако не заминале, ќе ги екстрадираме во Полска“, изјави Маѓар.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан во своето прво обраќање по изборниот пораз призна дека резултатите претставуваат тежок политички момент за неговата партија Фидес.
фото ЈТ скриншот


