Вести Свет

Наводи за инволвираност на ЦИА во кибер-напади

Сподели:

Меѓународната компанија за кибер-безбедност „Сајмантек“ тврди дека во документацијата на Викиликс се користени пиратски софтвери, наводно произведени од Централната американска агенција за разузнавање (ЦИА), и оти од 2011 година досега овие софтвери се користеле во 40 различни кибер-напади, јавува Anadolu Agency (AA).

Компанијата објави извештај во врска со оваа тема, во кој се вели дека во протокот на документи насловен како „Ваулт 7“, споменатите софтвери што ЦИА ги користи за кијбер-шпионажа, од 2011 година, досега се употребени во 40 различни кибер-напади, во 16 различни држави.

Се наведува дека нападите ги имале за цел компјутерските мрежи на владите на САД, Европа, од земјите на Средниот Исток, Азија и Африка, како и комјутерските мрежи на меѓународните институции во овие држави.

Понатаму се забележува дека поголемиот дел од малициозните софтвери, како што се нарекуваат во извештајот, се користени од страна на група компјутерски хакери, која експертите на Сајмантек ја именуваат како „Лонгхорн“. Исто така се забележува оти групата во голема мера практикувала планови за развој во врска со „малициозните софтвери“, кои се наведуваат во документите на „Ваулт 7“, како и технички упатства и протоколи за кодирање.

„Кога ќе се земат предвид сличностите во употребените средства и техники, нема сомнеж дека упатставата и протоколите во активностите на групата ‘Лонгхорн’ и во документите на ‘Ваулт 7’ произлегуваат од една иста група“, се вели во извештајот.

Експертите на „Сајмантек“ избегнаа да потврдат дека постои врска меѓу „Лонгхорн“ и ЦИА.

Викиликс смета дека архивските документи што ги објави минатиот март се најобемната објавена архива што протекла од ЦИА досега. Се тврди дека навлегувајќи во оперативните системи на компјутерите и во мобилните телефони на ЦИА, скришно дошле до повеќе податоци од темите на комуникација на корисниците, па сѐ до нивната содржина.

Сподели: