Учениците од ООУ „Дане Крапчев“ втори во светот на „FIRST LEGO League“

Сподели:

Учениците од ООУ „Дане Крапчев“ од Скопје постигнаа историски успех освојувајќи го второто место во светот на престижниот меѓународен натпревар „FIRST LEGO League“, во категоријата роботска игра.

Тимот „Осетра“ ја претставуваше Македонија меѓу екипи од 55 држави и повеќе од 1.000 ученици од целиот свет, а со освоени 525 бода успеа да се искачи на самиот врв на светската сцена и да го привлече вниманието на присутните.

“ЦЕЛ СВЕТ СОНУВА-НИЕ ОСТВАРУВАМЕ СОНИШТА!!! СЕКОЈ ТИМ во СВЕТОТ се надева на ваков успех, а нашиот тим го донесе успехот дома.

55 земји и 1000 ученици останаа зад нас! И овде воодушевивме со 525 освоени бодови. И овде се прашуваа: ,,КОИ СЕ ? ” ОД КАДЕ СЕ ?- ТИЕ СМЕ, мали на карта, а срце поголемо од светот !!!! Светот ни аплаудираше, а ние горди до небо! Сонувавме за височини, а нашите ученици се искачија на НАЈГОЛЕМИТЕ, НАЈДАЛЕЧНИТЕ“! На ВРВОТ СМЕ затоа што верувавме во невозможното.

Браво за нашите МЛАДИ ГЕНИЈАЛЦИ кои 7 месеци го живееа овој сон, максимално се посветија, газеа по трнлив пат за да се искачат на врвот. За да стигнеш до врвот треба да имаш вистински водач, овие деца имаа ВИСТИНСКИ ВОДАЧ, во наставникот по информатика Марина Пејковска, која седум месеци му посвети на овој тимот.

Браво за неуморните МЕНТОРИ кои во од го кординираа и организираа овој настан и кој секоја идеја ја претвораа во реалност!

ТИМОТ ОСЕТРА нека биде инспирација за секое дете, за секој наставник во Македонија.”

извор/фото ФБ ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје.

Сподели: