Учество на претседателот Пендаровски на ПСЈИЕ во Сараево

Сподели

Претседателот Стево Пендаровски, на 8 и 9 јули 2019 година ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што ќе се одржи во Сараево, Босна и Херцеговина. 

Во рамки на учеството на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, претседателот Пендаровски ќе оствари повеќе билатерални средби со учесниците на самитот. Предвидено е претседателот Пендаровски да се обрати на пленарната сесија на самитот.

Процесот за соработка во Југоисточна Европа (South East Europe Cooperation Process – SEECP) е прва автохтона регионална иницијатива воспоставена во 1996 година, со цел јакнење на политичката и безбедносната соработка, интензивирање на соработката на државите во областа на економијата, демократијата, судството, човековите права и борбата против нелегалните активности. Целта на оваа регионална иницијатива е преку јакнење на добрососедските односи и обезбедувањето на мирот во регионот, да овозможи побрзо приближување кон ЕУ и НАТО.