7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде многу топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а максималната од 31 до 39 степени и УВ-индекс 9.

Во Скопје, исто така, ќе биде сончево и многу топло, со слаб ветер од северозапеден правец. Температурата од 18 до 37 степени.

Во првите два дена од претстојната седмица сеуште ќе биде топло, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Од среда времето ќе биде нестабилно на повеќе места и ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе придонесе за опаѓање на температурата за 7 до 9 степени.

Сподели: