УЈП: Пресметка на плата за 2019 година

Сподели

Од Управата за јавни приходи најавија
НОВА ВЕРЗИЈА НА КЛИЕНТСКИ СОФТВЕР “МПИН“ ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА ЗА 2019 ГОДИНА

Oд 1 јануари 2019 година започнува да се применува Законот за данок на личен доход објавен во Службен весник на РМ бр. 241/18 од 26.12.2018 година.

„Со овој закон се уредува оданочувањето на личниот доход на физичките лица, обврзникот за плаќање на данокот на личен доход, даночната основа за пресметување на данокот на личен доход, даночните стапки, роковите за плаќање на данокот на личен доход, како и други прашања кои се значајни за утврдување и плаќање на данокот на личен доход“, информираат од УЈП.

Стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување
Врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2019 година, се променети и тоа за следните придонеси:

  1. Придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување
  2. Придонес за задолжително здравствено осигурување
  3. Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци
  4. Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци
  5. Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци
  6. Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци
  7. Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци
  8. Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци
  • За подетални информации можете да погледнете на слидниот линк