ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Утринските температури ќе се движат од -7 степени до 3, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 1 до 10 степени.

Во Скопје и околината ќе има слично време со утринска температура од -1 степен и максимална дневна до 5 степени.

Метеоролозите за утре најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Дневните температури ќе достигнат до 12 степени.