Унгарија да ги отвори границите за мигрантите, повика Папата Франциск

Сподели

 

Папата Франциск беше во посета на Унгарија и тој ја повика земјата да ги отвори вратите за мигрантите и сиромашните и да стави крај на руската војна во Украина. Тој одржа миса во Будимпешта, на која присуствуваа околу 50.000 луѓе, меѓу кои и нив беа и претседателот, Каталин Новак и десничарскиот премиер, Виктор Орбан.

Франциск изрази благодарност за неодамнешниот пречек на украинските бегалци во Унгарија, која 2015 и 2016 година изгради жичана ограда на границата со Србија за да ги спречи транзит на бегалци.

Папата апелираше до Унгарија и до сите европски земји да ги пречекаат оние кои бегаат од војна, сиромаштија и климатски промени, повикувајќи на безбедни и легални коридори за миграција.