Од полноќ поевтинуваат горивата – дизелот 69 денари

Сподели

 

Од полноќ, малопродажната цена на Eуродизел се намалува за 2 денари и ќе изнесува 69 денари, Eуросупер 95 ќе чини 80 денари, а Eуросупер 98 ќе чини 82 денари, информира денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,362 ден/кг и сега ќе изнесува 41 денари за килограм.