Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје

Сподели:

 

Управата за финансиска полиција денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје во која се опфатени сите обвинители, за кои сметаат дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела при постапување во предметот по кој беше извршен претресот во Управата. Финансиската полиција објави дека обвинителите доставиле до судот лажни податоци за да добијат налог за претрес, со што е прекршен Законот за кривична постапка.

– Со оглед на тоа што постапката за сите пријавени лица од овој момент е тајна, почитувајќи ја пресумпцијата на невиност на пријавените, тоа е се што во овој момент можеме да споделиме со јавноста, согласно Законот за кривична постапка, се вели во соопштението до медиуми од Управата за финансиска полиција.

Обвинителката Вилма Русковска се пожали на притисоци во нејзината работа, а за тоа побара помош од странските амбасади во земјава. Но, одговорот кој го доби од САД и ЕУ беше дека случајот мора да го решат надлежните органи во нашата земја.

Истражители од Обвинителството пред три недели влегоа во финансова по пријава на група граѓани под сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. За време на претресот се чешлаа сите предмети кои биле работени од 2018 година до сега а се однесуваа на финансиски криминал.

Сподели: