Управниот суд ја одби тужбата на Неделкова против Судскиот совет

Сподели

 

Управниот суд ја одби тужбата на судијката Лидија Неделкова за повторување на вонредното оценување на Судскиот совет и барањето за времена мерка за стопирање на изборот на претседател на Врховниот суд, пренесува 24 Вести.

Неделкова поднесе тужба до Управниот суд откако Советот не ги прифати нејзините приговори на оценувањето бидејќи Судскиот совет не ги зел предвид нејзините објавени научни трудови.

Во трката за Врховен се В.Д. претседателката Снежана Бајлозова, поранешниот претседател Јово Вангеловски и судијката Беса Адеми.

Судскиот совет се уште не ја завршил постапката за избор и нема закажано седница кога ќе се избираат претседателите на Врховен и на Кривичниот суд. Во трката за Кривичен останаа поранешниот претседател Владимир Панчевски и судијата Иван Џолев.