Вести Свет

РОМАНИЈА: Протестите продолжуваат, премиерот одбива да ја повлече спорната уредба

Сподели:

Десетина илјади демонстранти трета ноќ по ред протестираат во 20 градови во Романија, поради одлуката на социјалдемократската влада да ги ублажи прописите за сузбивање на корупцијата.

Романскиот премиер Сорин Гриндеану најави дека неговата влада, без разлика на масовните протести, нема да ја повлече спорната уредба, која декриминализира некои случаи на корупција, што предизвика политичка криза во земјата.
Претседателот на Романија Клаус Јоханис претходно соопшти дека од Уставниот суд ќе побара да ја прогласи за неуставна одлуката на владата да ги ублажи прописите против корупцијата.

Владата на социјалдемократите во средата наутро донесе уредба со која се декриминализираат повеќе дела при злоупотреба на власта, а некои од таквите дела со уредбата стануваат казниви со затвор сако ако предизвикаат штета повисока од 44.000 евра.

Ројтерс објави дека околу 250.000 луѓе излегле на улиците, додека според проценката на полицијата, на протестите имало околу 80.000. Демонстрантите најавуваат дека нема да се повлечат и дека протестите ќе продолжат.

Сподели: