Вести Свет Ударни вести

Уште еден француски милијардер донира средства за обнова на Нотр Дам

Сподели:

Францускиот милијардер Бернар Арно, кој го контролира луксузниот конгломерат ЛВМХ, денеска соопшти дека неговото семејство и компанијата ќе донираат 200 милиони евра за да помогнат во обновата на катедралата Нотр Дам – пренесе МИА.

– Семејството Арно и ЛВМХ се солидарни по оваа национална трагедија и ќе учествуваат во реконструкцијата на таа извонредна катедрала, симбол на Франција, нашето наследство и единство, се вели во соопштението.

Претходно, сопругот на позната актерка Салма Хајек, милијардерот Франсоа-Анри Пино, соопшти дека неговото семејство ќе донира 100 милиони евра за обнова на катедралата.

– Мојот татко и јас одлучивме да одвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата на Нотр Дам, соопшти Пино.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон вети дека Нотр Дам ќе биде обновена по големиот пожар што ја уништи централната кула и покривот на готското архитектонско ремек-дело во Париз.

Сподели: