Вести Македонија Ударни вести

Уставен утре ќе расправа за недела неработен ден

Сподели:

 

Уставниот суд утре ќе расправа за неделата како неработен ден, потврдија од оваа институција преку соопштение до медиумите.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, изјави дека оваа асоцијација на стопанствениците не ја повлекла иницијативата за оцена на уставноста за неработењето во недела. Тој рече дека во јануари имале две недели да се постигне договор со Владата за ова горливо прашање за бизнисот. Бидејќи до договор не дошло, иницијатаивата не е повлечена, а конечната одлука се очекува да ја донесе Уставниот суд, рече Азески.

Од Уставниот суд денес соопштија дека на седницата којашто е закажана за утре, 14 септември, во 9:30 часот ќе расправа и за Рефератот У.бр.4/2022 кој е подготвен по претходно поднесена иницијатива од страна на Стопанската комора на Северна Македонија .

„Се работи за предмет во кој е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, кој што во својата содржина опфаќа ‘работа во недела’“, посочија од Уставниот суд.

Во иницијативата се наведува дека ден на неделен одмор може да биде било кој друг ден во неделата, дека е утврден и додаток на плата за работа во недела во износ од најмалку 50 отсто за секој час поминат на работа и од тие причини е дозволена нееднаквост на граѓаните пред законите. Во иницијативта се содржани наводи дека со ова законско решение работодавачите од економските дејности на кои им се забранува работа во недела (неметалните минерални производи) и имаат еднаква правна положба од аспект да ги намируваат данокот и другите јавни давачки кон државата кои се утврдени со закон се ставени во нееднаква правна положба со работодавачите од економските дејности на кои им е дозволено да работат во недела, од аспект да остваруваат приходи и добивка. Подносителот смета дека е нарушено начелото на владеење на правото и дека оспорениот закон е во спротивност со членот 8 став 1 алинеи 3 и 7 и член 9 став 2 од Уставот.

 

 

Сподели: