Утре се очекуваат врнежи од дожд, а на планините снег

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде променливо облачно, по котлините долж Повардарието магливо. Попладне облачноста ќе се зголеми. Преку денот ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Во Скопје претежно магливо, околу пладне маглата делумно ќе се намали.

 

 

Утре, времето ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и на планините повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег.

Во Скопје, променливо облачно со појава на утринска магла. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.