Алтернатива Настани

Утре се отвора лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“

Сподели:

Утре се отвора лизгалиштето во СЦ „БорисТрајковски“ каде што посетителите ќе може да уживаат во рекреативно лизгање, уметничко лизгање и хокеј. Во прилог, кратко соопштение и термини:

Утре, (петок 23.11) се отвора лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ со најдобри услови досега и најдобро подготвен мраз по светски стандарди. Не очекуваат многу натпревари во хокеј и уметничко лизгање, за кое годинава ќе има двајца професионални тренери. Ќе има и повеќе термини за рекреација, а цените остануваат исти- 150 денари со изнајмени лизгалки и 100 денари со сопствени.

Наутро ќе се одржуваат тренинзи по уметничко лизгање, а рекреативно ќе може да лизгате од 10:00-22:00, со мали паузи од 16:00-19:00 кога ќе има хокеј тренинзи. За викенд целодневно ќе може да уживате во рекреативното лизгање.

Сподели: