Утре врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде променливо облачно по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од дожд.

Во Скопје претежно облачно со појава на магла и со слаб ветер од јужен правец.

Утре ќе биде облачно со врнежи кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2).

 

 

 

На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите во текот на денот ќе се намалуваат.

Во Скопје облачно и студено претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината. Ќе дува засилен ветер од северен правец.