Вести Македонија Ударни вести

Вакцинација на пациенти на дијализа, со трансплантиран бубрег и цистична фиброза

Сподели:

 

Денеска ќе почне вакцинацијата на пациенти со трансплантирани бубрези и кои се на дијализа, а по нивната имунизација следуваат оние со потешка форма на хронични болести на респираторниот систем.

Во групата на потешко болни од хронични болести кои ќе имаат приоритет при вакциниацијата, се и децата со цистична фиброза, соопшти министерот Филипче.

-За  родители на деца со хронични болести направена е приоретизација на групите. Имаме контакт со сите здруженија во континуитет. Направен е список на околу 2.000 луѓе. Денеска ќе почне, а во понеделник или вторник веројатно ќе заврши вакцинацијата на пациенти кои се трансплантирани и се на дијализа. Тоа е првата приоритена група на пациенти кои имаат некаква форма на хронична болест. Потоа ќе следат сите пациенти кои имаат потешка форма на некаква хронична болест, децата, родителите со цистична фиброза, дел од пациентите со ретки болести и со хронична болест. 

 

Сподели: