Вандализирано детско игралиште во Карпош 1

Сподели:

 За жал, повторно сме сведоци на вандализам врз јавната и урбаната опрема, реагираат од Општина Карпош.

На детското игралиште во Карпош 1 се оштетени повеќе детски реквизити, како и дел од останатата урбана опрема.

Општина Карпош секоја година издвојува средства за одржување, обновување и унапредување на јавните површини, а континуирано инвестира и во поставување и реконструкција на детски игралишта и урбана опрема.

За жал, вложувањата во создавање безбедни и уредни простори за најмладите повторно се доведуваат во прашање поради неодговорното однесување и вандалските случаи.

Јавните површини се заедничко добро на сите граѓани.

Општина Карпош ги повикува граѓаните да се однесуваат одговорно и заеднички да придонесеме за нивно зачувување.

Сподели: