Ванхојте: Политичарите целосно ја збркаа работата

Сподели

 

Питер Ванхојте за случувањата поврзани со Специјалното јавно обивинителство, даде изјава:

„Анализирајќи го она што се случува, моето прво прашање е: зошто ова одеднаш доаѓа на површина? Кој стои зад ова? Дали Катица Јанева допре до одредени луѓе кои се веруваа дека се недопирливи и над законот? Како одговор на прашањето “кој има интерес за тоа да се случи”, можев да дадам долга листа со имиња, но тоа нема да и помогне на земјата напред. Сепак, едно е јасно: Политичарите целосно ја збркаа работата. Наместо да се гарантира непристрасна и независна правда, политичарите од сите партии продолжија со своите лични борби и ја заборавија важноста на правилното спроведување на основните демократски принципи, како што се поделбата на власта и потребата за независно судство“, пишува Ванхојте.

Истрагите кои произлегуваат од прислушуваните разговори треба да продолжат.

„Тоа е товарот од минатото, но никој никогаш не треба да заборави што се случило и да се осигура дека оние што биле вклучени во него, вклучувајќи го и г-дин Груевски, се правилно гонети и  осудени. И ЕУ и г-дин Орбан треба да бидат свесни дека не може да му се даде право на азил, а во исто време да побара од Северна Македонија да го почитува владеењето на правото. Значи, да го исправиме и ова!“, порачува Ванхојте.