Вести Македонија Ударни вести

Вечерва на седница на ЦК ВМРО-ДПМНЕ ќе се бира нов Извршен Комитет

Сподели:

 

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне ќе одржи седница на која се очекува да биде избран нов Извршен комитет на партијата кој како што најавуваат од партијата, ќе биде помал по број од претходните и ќе содржи неколку нови имиња кои ќе му дадат дополнителна тежина и динамичност.

Централниот комитет изгласа нов Статут кој беше поздравен како најдемократски од Европската Народна партија. Потоа се избра нов Претседател и нов Извршен комитет на УМС, се распиша оглас за избор на нов Претседател на Унијата на жени а воедно беа назначени нови претседатели на значителен број на општински комитети и тој процес ќе продолжи – брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Седницата на Централниот комитет ќе почне во 18:30 часот и ќе се расправа за прашања поврзани со резултатите на изборите.

Сподели: