ВЕЌЕ НИКАДЕ НЕ Е СИГУРНО – Јовица ИВАНОВСКИ

Сподели

13445667_10155031253722699_2632390755321573715_n

Веќе не постои сигурна држава,
сигурен град, сигурна улица.
Глобусот е обележан со крвави точки,
што полека ќе се шират во флеки.
Нашата планета е една отворена мета –
на многу ретки вселенски искашлоци,
и на чести терористички блујаници.
Веќе не постои сигурен ресторан,
сигурен концерт, сигурно дерби.
Безгрижноста е нагризана,
јанѕата обѕрнувачка.

Така размислуваме по секој
голем терористички напад.
Нè држи тоа некое време,
и потоа си тераме по старо –
не му ја мислиме кога патуваме,
не се плашиме кога полетува авионот.
Несигурноста им ја препуштаме
на оние кои имаат последици
од сигурноста.

И сè додека не осетиме на своја кожа,
ќе си живееме во сигурноста на
нашите кожи, кои (кај некои)
се подебели и од обвивката
на планетата.