Наши херои – Ви благодариме за целиот ваш хуман труд и професионалност!

Сподели

 

“2020 беше тешка година за сите нас, но вие, нашите херои – здравствени работници заслужувате посебно внимание и почит. Десет месеци борба за спас на сечиј човечки живот.

Десет месеци без одмор, во континуиран стрес грижејќи се за нашите и ваши семејства, пријатели, колеги. Вие најдобро знаете колку непроспиени ноќи сте имале, на колку пациенти им била потребна здравствена заштита, но и на колку повици за совет сте помогнале. 

Наши херои – Ви благодариме за целиот ваш хуман труд и професионалност! Ви благодариме што издржавте и покрај тоа што сте уморни. Вие сте нашата гордост и сила!”