ВИДЕО: АУФИДЕРЗЕН Германија – Македонија со цел плен се враќа од Дуизбург и испиша нова историја!

Сподели

Каква вечер за македонскиот фудбал и македонската фудбалска репрезентација…. Четата предводена од капитенот Горан Пандев славеше историска победа над Германија од 1-2 во 3.коло од квалификациите за пласман на СП во Катар 2022 година.

Составот на селекторот Игор Ангеловски испиша нова историја на мак фудбалот и нагости о Дуизбург го совлада четирикратниот светски шампион и со 6 бода се изедначи на табелата на второто место во нашата група.

Македонија прва го отвори резултатот откако пред крајот на првото полувреме кој друг ако не капитенот ја доведе нашата селекција во водство од 0-1.

Во вториот дел домаќините беа решени да го израмната резултатот и тоа го направија во 60-та минута по еден сомнителен пенал кој го досуди рускиот судија по стартот на Алиоски над Сане. На 1-1 израмни од пенал Гундоган.

Рускиот судија во 70-та минута повторно ја оштети Македонија и не досуди чист пенал откако Емре Чан играше со рака во казнениот простор.

Сепак правдата беше задоволена кога во 82-та минута Елмас на асистенција на Адеми ги постави конечните 1-2 за историска голема победа на Македонија, резултат кој силно ќе одекне во фудбалска Европа….

Погледнете ги најинтересните моменти и голови на нашите рисови и УЖИВАЈТЕ во победата на МАКЕДОНИЈА….. БРАВО МОМЦИ!!!!!!

The post ВИДЕО: АУФИДЕРЗЕН Германија – Македонија со цел плен се враќа од Дуизбург и испиша нова историја! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico