Спорт

(ВИДЕО) Чудо од стадион кој чини две милијарди долари! – Тука ќе се игра ,,Ел Класико,, в недела!

Сподели:

Реал и Барселона во рамките на претсезоната ќе одиграат пријателски натпревар во Лас Вегас.

фото: AS English

Натпреварот ќе се игра на спектакуларната арена, стадионот Алеџајант, кој беше отворен во 2020 година и чинеше речиси две милијарди долари.

Арената во која ќе биде домаќин на „Ел Класико“ е втора најскапа во светот. Приматот во ова поглавје го има уште еден стадион во САД, „СоФи Стадион“, во Инглвуд, Калифорнија, кој ќе биде домаќин на натпревари од Светското првенство во 2026 година.

Изградбата на спектакуларната арена траеше помалку од три години, од ноември 2017 до јули 2020 година.

За фудбалски натпревари стадионот има капацитет од 61.000 седишта, додека за натпреварите во американскиот НФЛ  фудбал капацитетот се зголемува на 65.000.

Натпреварот против Реал Мадрид е четврти пријателски натпревар за Барселона, по победата од 3:2 против тимот составен од австралиски лигаши, 1:1 со Олот и триумфот од 6:0 со Интер Мајами на Бекам.

Од друга страна, Реал Мадрид нема одиграно ниту еден тест меч ова лето, па ова ќе им биде прв.

Натпреварот е закажан за в недела во 05 часот по средноевропско време.

Истата вечер ќе се сретнат од 01 часот и Баерн Минхен-Манчестер Сити каде свое деби за новиот клуб ќе има Халанд, а во англиското дерби од 02 часот ќе играат Арсенал-Челзи.

The post (ВИДЕО) Чудо од стадион кој чини две милијарди долари! – Тука ќе се игра ,,Ел Класико,, в недела! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: