Спорт

(ВИДЕО+ФОТО) Федерер со емотивно писмо се прости од тенисот, кариерата и фановите – Заминува во пензија!

Сподели:

Сопственикот на 20 гренслем титули, Роџер Федерер објави дека ја завршува професионалната тениска кариера!

федерер

Швајцарскиот тенисер заминува во пензија и до крајот на кариерата ќе одигра само уште еден турнир! Егзибицискиот „Лејвер куп“, на која денеска ќе се соберат дел од најдобрите тенисери, ќе биде последен турнир во кариерата на еден од најголемите асови во историјата на „белиот спорт“.

Еве што напиша Роџер за објавата на која го потврди крајот на кариерата:

На моето тениско семејство,

,,Од сите подароци што ми ги даде тенисот низ годините, најубави без сомнение се луѓето кои ги имав покрај себе во текот на мојата кариера. Моите пријатели, сонародници и навивачи кои му даваат живот на спортот. Денес сакам да споделам неколку новости со сите вас. Како што повеќето од вас знаат, изминатите три години ми донесоа бројни предизвици во форма на повреди и операции.

,,Работев многу напорно за да се вратам во натпреварувачка форма. Но, јас цело време знаев дека моето тело има ограничувања и пораката што ми ја испраќа во последно време е многу јасна. Имам 41 година. Одиграв повеќе од 1.500 натпревари во кариерата во овие 24 години. Тенисот ме третираше повеќе од добро, подобро отколку што можев да сонувам и морам да сфатам и да препознаам кога е време да ја завршам мојата натпреварувачка кариера.

,,Лејвер купот следната недела во Лондон ќе биде мојот последен АТП настан. Ќе играм тенис и во иднина, се разбира, само не на турнирите или на Грен слемовите – изјави легендарниот ас.

фото: Profimedia

Иако Роџер има 41 години, ова ги изненади љубителите на тенисот, бидејќи сите веруваа дека барем уште малку ќе го видат на теренот.

The post (ВИДЕО+ФОТО) Федерер со емотивно писмо се прости од тенисот, кариерата и фановите – Заминува во пензија! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: