(ВИДЕО) И спринтот во Бразил во рацете на Верстапен

Сподели

Loading

Пилотот на Ред Бул Макс Верстапен беше најбрз на спринт трката што се возеше во Сао Паоло за ГН на Бразил.

фото: AFP

Освојувачот на пол позицијата на денешниот спринт, Ландо Норис од Мекларен ја загуби првата позицијата уште на стартот од Верстапен.

Веќе во вториот круг и Џорџ Расел го мина Норис во борба за второто место, но Норис не се откажа туку така.

Си го врати второто место и на крајот го задржа до крајот на спринт трката. Расел третото место го загуби во директен дуел со Перез од Ред Бул и на крајот заврши четвртти.

Најдобрата 10-ка ја сочинуваат уште и Леклерк од Ферари, изненадувањето Цунода кој го мина Хамилтон на 6-тото место.

Седми заврши Хамилтон, па Саинц, Рикардо, Пијастри, Алонсо, Строл, Гасли, Окон, Албон, Магнусен, Жу, Хулкенберг, Ботас и Сарџент.

Со освоеното нови осум бодови Макс Верстапен има 499, втор е Перез со 246, а трет е Хамилтон со 222 бода.

Денеска со почеток од 18 часот се вози трката за ГН на Бразил.

The post (ВИДЕО) И спринтот во Бразил во рацете на Верстапен first appeared on .

The post (ВИДЕО) И спринтот во Бразил во рацете на Верстапен appeared first on .

Powered by WPeMatico