Спорт

(ВИДЕО) Им поклони гол и се фати за глава – Ваква голманска глупост не е видена одамна!

Сподели:

Глупоста на голманот скапо го чинеше Фрајбург и му донесе три бода на Дортмунд во Бундеслигата во победата нагости од 1:3.

фото: Tom Weller/dpa

Тешко е да се објасни што направи голманот на домашниот тим Марк Флекен во второто полувреме.

Домашните поведоа со голот на Михаел Грегориш во 35. минута и се тргна како што замислија се до 77. минута.

Тогаш Џејми Бино-Гитенс упати удар од околу 20 метри, изгледаше дека голманот рутински се справува со ситуацијата, наместо тоа, направи неверојатен потег и ја испрати топката во сопствената мрежа.

Флекен погрешно го процени летот на топката, не успеа да ја фати и потоа таа заврши зад него.

Тоа беше вистински поттик за „милионерите“. Јусуфа Мукоко во 84. минута постигна гол за водство, а во 88. минута Мариуш Волф ја потврди победата.

Еве ги сите голови од натпреварот:

Дортмунд забележа триумф, иако сите зборуваат за потегот на голманот. Да не беше тоа, којзнае како ќе завршеше натпреварот.

Вака славеа избраниците на Един Терзиќ и барем за кратко ја зазедоа првата позиција на табелата во германскиот шампионат.

The post (ВИДЕО) Им поклони гол и се фати за глава – Ваква голманска глупост не е видена одамна! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: