Спорт

ВИДЕО: Изјавата на Леброн стана хит по фантастичната тројка со која ги реши Вориорси!

Сподели:

Херојот на големата победа на Лејкерс, Леброн Џејмс, на интересен начин ја прокоментира својата победничка тројка на мечот против Голден Стејт (103:100).

Леброн на крајот од мечот постигна чудесна тројка од 10 метри, со што им донесе пласман на Лејкерси во НБА плејофот.

Само една минута пред решавачкиот удар, Дрејмонд Грин со прст го погоди Леброн во окото, што открива дека лошо гледал на крајот од мечот.

Сепак, тоа не го спречи да ја погоди тројката преку Стеф Кари.

“Откако добив прст во око, видов три обрачи. Шутирав во средниот и му благодарам на Бога што успеав да погодам”, изјави Леброн по мечот.

Американецот истакнува дека и порано имал слични проблеми.

“Ова не е прв пат, и претходно се случуваше некој да ми заби прст во око. Вечерва и утре ќе биде отечено, но постигнавме голема победа”, задоволен е популарниот крал.

Лејкерси во првото коло од плејофот ќе играат против Феникс Санс.

Уште еднаш тројка на Леброн со која му донесе победа на својот тим….

The post ВИДЕО: Изјавата на Леброн стана хит по фантастичната тројка со која ги реши Вориорси! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: