Спорт

(ВИДЕО) Изведе опасен потег кој подоцна го забранија – Дури пола век никој не го воодушеви светот како чудесната Олга!

Сподели:

Белоруската гимнастичарка Олга Корбут заслужено ја носи титулата најдобра на сите времиња во овој спорт.

Пред речиси половина век, на Олимписките игри во Минхен во 1972 година, тогаш 17-годишна натпреварувачка од СССР ја разбуди планетата со својот настап.

Олга освои три злата и едно сребро во Минхен, а токму тој сребрен медал го освои на двовисинскиот разбој што некако ја одбележа нејзината кариера.

Иако во кариерата освоила четири златни медали на Олимписките игри, Олга го имала најдобриот настап кога го освоила сребрениот медал.

Имено, одличната гимнастичарка направи нешто полош резултат во квалификацискиот циклус (9.650) и заостануваше далеку зад лидерката Карин Јанц.

Знаеше дека мора да направи нешто посебно во последното коло, за да го подобри впечатокот. Во финалето го воодушеви светот, изведе нешто спектакуларно, нешто што никој досега не го видел во оваа дисциплина.

Тоа беше познатиот „Корбут флип“, потег кој подоцна беше забранет поради голема опасност!

Олга леташе, се движеше од една на друга страна правејќи молскавични вртења и во еден момент направи нешто невидено.

Таа застана исправено на повисокиот столб, погледна кон долниот, салто наназад и со раце го фати повисокиот столб. Таа ја заврши вежбата со беспрекорен скок.

Тоа беше историски момент, нешто досега невидено во овој спорт. Во салата почнаа аплаузи, траеја неколку минути, публиката беше во транс.

Тогаш судиите донесоа контроверзна одлука. Најдобриот настап досега го „наградија“ со оценка од 9.800. Публиката очекуваше чиста 10, а подоцна експертите тврдеа дека ова е настап за 10.

фото: Profimedia

Имаше поплаки од трибините, свирежи, судиите беа под огромен притисок… но одлуката не се промени. Точно, и да добиеше 10, Олга немаше да може да го освои златото, бидејќи имаше лош резултат во квалификациите.

Потегот што го изведе и донесе светска слава, сите зборуваа за фамозниот „Корбут флип“.

“Беше неверојатно! Еден ден бев никој и ништо, а следниот ден бев светска ѕвезда”, рекла Олга подоцна.

Набргу по завршувањето на Игрите, Светската гимнастичка федерација одлучи да го забрани потегот „Корбут Флип“, сметајќи го за многу опасен.

Мислењето на луѓето од федерацијата беше дека потегот е небезбеден и дека доколку гимнастичарките почнат масовно да го изведуваат, постои голема опасност некој од нив да се здобие со тешка повреда.

фото: Profimedia

Олга ја заврши кариерата на 22 години.

The post (ВИДЕО) Изведе опасен потег кој подоцна го забранија – Дури пола век никој не го воодушеви светот како чудесната Олга! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: