(ВИДЕО) Кристијано за 14 милиони евра купува дворец во Ријад – Има олимписки базен, водопад ….

Сподели

Loading

На интернет се појавија фотографии од нереалната палата во која Роналдо ќе живее со семејството во Ријад.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Португалецот Кристијано Роналдо го потпиша најголемиот договор во историјата на спортот.

Имено, со преселбата во Саудиски Ал Наср, Роналдо за две години ќе заработи неверојатни 400 милиони евра, па реши да се почасти со нова луксузна вила.

Кристијано се збогуваше со сериозниот фудбал, но во Европа освои се што треба да се победи и повеќе не мора да се докажува. Одлучи дека на крајот од кариерата ќе ужива и ќе игра фудбал за лично задоволство и забава, а за тоа ќе ја добие и најголемата сума за спортист во историјата.

Договорот е потпишан и семејството сега бара ново засолниште во Ријад.

Британскиот „Дејли мејл“ пренесува дека Португалецот сериозно размислува да купи вила во луксузната населба „Ал Мака“, која се наоѓа во близина на Ријад.

Оваа нереална палата чини 14 милиони евра, но е вистинска ситница за Роналдо кој само од договорот во Саудиска Арабија ќе заработи нереални 400 милиони евра. Едноставно, овој трошок нема ни да се почувствува.

Овој замок се наоѓа во населба која е изградена исклучиво за богатите од западниот свет. Имаат се што им треба и се прилично изолирани од строгите исламски правила кои владеат со оваа земја.

Постојат бројни луксузни ресторани, приватни меѓународни училишта, базени, клиники, градинки, трговски центри – буквално се што им е потребно за живот.

Луѓето кои живеат таму не мора да ја напуштат областа бидејќи имаат се што им е потребно за живот.

Кога станува збор за самата вила, која ја одбра Роналдо, таа има осум спални соби, базен со олимписка големина, а во фоајето има дури и водопад – сè пука од раскош….

The post (ВИДЕО) Кристијано за 14 милиони евра купува дворец во Ријад – Има олимписки базен, водопад …. first appeared on .

Powered by WPeMatico